ЕУ повика на почитување на меѓународното право во Венецуела
Европската Унија(ЕУ) повика на воздржаност и почитување на меѓународното право во Венецуела.
„ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела. Под сите околности, принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН мора да се почитуваат“, наведе високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас во објавата.
Апелирајќи на воздржаност, Калас додава дека ЕУ постојано повторува дека Николас Мадуро нема легитимитет како претседател на Венецуела и дека се залага за мирна транзиција на власта во земјата. Калас воедно во објавата информира дека за случувањата во Венецуела разговарала со американскиот државен секретар Марко Рубио и со амбасадорот на Европската Унија во Каракас. foto printskrin
