ЕУ подготвува казна за „Google“ од над 6 милијарди долари
Европската унија се подготвува да го обвини американскиот технолошки гигант „Google“ за злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот на интернет пребарувачи, соопштува „Ројтерс“.
Официјалното обвинение за кршење на антимонополното законодавство на ЕУ е можно да биде готово уште денес, но најверојатно е потребни неколку месеци за изготвување.
Европската унија може да изрече глоба до 10% од прометот што во случајот на „Google“ e над 6 милијарди долари.
Европската комисија ги истражува практиките на „Гугл“ од 2010 година, откако конкурентите како „Мајкрософт“ се жалеа на доминантната позиција на компанијата при пребарување на интернет.
„Гугл“ е осомничена дека обезбедува поволна позиција на своите услуги преку начинот на прикажување на резултатите од пребарувањата што е штета на конкуренцијата и го ограничува изборот на корисникот.
„Фајненшл тајмс“ тврди дека ЕК ќе започне истрага и на софтверот „Андроид“ на „Гугл“ за тоа дали американската компанија го злоупотребува доминантниот удел на „Андроид“ за рекламирање на своите услуги.
