Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ подготвува казна од 500 милиони долари за Мекдоналдс

ЕУ подготвува казна од 500 милиони долари за Мекдоналдс

ЕУ може да му наметне парична казна од 500 милиони долари на „Мекдоналдс“. Ова го пишува „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на финансиски анализи од истрагата на Брисел против компанијата.

 На оваа сума се пресметуваат неплатени даноци на компанијата во Луксембург од 2009 година. Според пресметките на весникот, од тогаш лидерот во брза храна плаќал по 1,49% должност, при стандарден данок во Луксембург од 29,2 отсто.

Истрагата ги опфаќа приходите од франшизата на синџирот не само во Луксембург, каде е европската централа, но во цела Европа.

Весникот потсетува дека само пред неколку недели Европската комисија му изрече рекордна казна од 13 милијарди долари на Apple, повторно за неплатени даноци, но во Ирска. Ова се смета за вид неовластена државна помош и технолошката компанија е должна да ги врати, сметаат властите во Брисел. 

Од компанијата најавија дека ќе поднесат жалба на одлуката. Истото ги најавија и ирските власти.

Од „Мекдоналдс“ изјавија дека не користеле никакви параметри и од 2011 до 2015 година платиле даноци над 2,5 милијарди долари во целата ЕУ.


Слично

Поврзани вести