Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ планира мигрантите да ги враќа во Африка

ЕУ планира мигрантите да ги враќа во Африка

На Самитот на ЕУ за решавање на бегалската криза, се разговараше и за враќање на мигрантите во Африка, како една од алтернативите за намалување на напливот на бегалци.

На овој самит присуствуваа повеќе од 60 лидери од Африка и Европската Унија и се согласија дека мигрирањето кон Европа не мора да им биде на бегалците единствено решение.

Тие се согласија дека треба  да се увидат причините зошто луѓето ги напуштаат своите татковини, подобро да се организираат легалните мигрантски канали на движење, да се подобри заштитата на мигрантите, борба против криумчарите и подобрување на соработката со Африка за враќање на луѓето кои нема да се квалификуваат за добивање азил.

Европските лидери на Самитот потпишале и итен договор за отворање на заедничка банкарска сметка.

Францускиот претседател Франсоа Холанде изјави дека доколку Европската унија не ја достави паричната помош, мигранската криза која донесе стотици илјади луѓе да пребегуваат во Европа оваа година ќе продолжи.

Инаку, до сега повеќе од 3,400 луѓе го загубија животот за време на преминувањето на Медитеранот кон Европа оваа година.

Слично

Поврзани вести