Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ парите од Нобеловата награда ќе ги додели за образование на деца

ЕУ парите од Нобеловата награда ќе ги додели за образование на деца

ЕУ донесе одлука кои пет организации ќе го поделат износот на паричниот дел од Нобелова награда за мир, која годинава и беше доделена на Унијата. Парите ќе бидат наменети за образование на деца ширум светот.

Меѓу организациите кои ќе добијат парични средства се Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и „Спасете ги децата“.

Освен износот на паричниот дел на Нобеловата нграда, ЕУ вложи и сопствени средтства, така што петте организации ќе поделат вкупно два милиона евра, јавија скандинавските медиуми.

Освен УНИЦЕФ и „Спасете ги децата“, пари од ЕУ ќе добијат и норвешкиот Бегалски совет, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и хуманитарната организација „Актед“

Слично

Поврзани вести