Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ отвора пат за депортациски центри надвор од Унијата

ЕУ отвора пат за депортациски центри надвор од Унијата

Европскиот парламент во четвртокот ја усвои својата позиција за новата регулатива за враќање на мигранти со 389 гласа „за“, 206 „против“ и 32 воздржани. Со тоа Брисел прави голем чекор кон поостра миграциска политика, а во центарот на вниманието се т.н. „return hubs“, односно центри надвор од ЕУ каде би се испраќале лица чии барања за азил биле одбиени.

Новите правила предвидуваат заеднички европски систем за враќање, меѓусебно признавање на одлуките за депортација меѓу земјите членки и построги мерки за лицата што одбиваат да ја напуштат Унијата. Во текстот се вклучени и можности за подолг притвор, како и забрани за повторен влез во ЕУ.

Поддржувачите на мерката велат дека Унијата конечно се обидува да воспостави поцврст и поефикасен систем, во време кога враќањето на лицата што добиле наредба да заминат и понатаму оди бавно. По ова гласање, следува усогласување на конечниот текст со Советот на ЕУ, по што ќе се знае и финалната верзија на законот.

Слично

Поврзани вести