Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ одвои милијарда евра за борба против еболата

ЕУ одвои милијарда евра за борба против еболата
Европската унија ќе ја зголеми својата финансиска помош за борба против еболата во западна Африка на една милијарда евра, објави претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј. Оваа сума ја предложил британскиот премиер Дејвид Камерон, иако ЕУ претходно се обврза на помош од 600 милиони евра. На дводневниот самит на ЕУ, што завршува денеска во Брисел, германската канцеларка Ангела Меркел додала дека европските лидери треба да се договорат и за испраќање на медицински персонал во земјите погодени со опасниот вирус. За европски координатор на борбата против ебола денеска беше назначен еврокомесарот за хуманитарни прашања Христос Стилијанидис. тој ветил дека набрзо ќе ги посети Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија за на лице место да ги процени потребите на овие држави за борба против еболата.
Слично

Поврзани вести