Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ оддели 20 милиони евра за стабилизирање на Мали

ЕУ оддели 20 милиони евра за стабилизирање на Мали

ЕУ оддели 20 милиони евра за стабилизирање на Мали, особено во областа на правосудството и безбедноста, соопшти Европската комисија.

Дел од средствата ќе послужат за подготовка на претстојните национални избори. Комисијата истакнува дека пред неколку дена беше обновен пристапот до фондот за Мали, кој располага со 250 милиони евра.

Во соопштението е цитиран високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, според која финансирањето ќе помогне за обнова на државната власт.

Средствата ќе послужат за испорака на опрема, превозни средства, како и за обнова на дејноста на цивилните сили за безбедност во северниот дел на земјата, вклучувајќи за зачувување на инфраструктурата во престолнината Бамако.

Слично

Поврзани вести