ЕУ од денеска со забрана на канцерогени, мутагени и штетни по плодноста супстанци во играчките
Забрана на канцерогени, мутагени и штетни по плодноста супстанци, како и забрана на 55 алергени. Ова го содржат новите, построги правила за хемискиот состав на играчките, кои од денеска ќе стапат на сила во Европската унија, соопшти европскиот комесар за индустријa, Антонио Тајани.
Како што пренесува БТА, присуството на 11 други алергиски супстанци, како и на тешките метали како олово и бариум, ќе мора да биде наведено на етикетите.
„Новите правила се меѓу најстрогите во оваа област во целиот свет. Комисијата ќе продолжи да го следи научниот напредок, за брзо да се адаптираат прописите за безбедноста на играчките“ - се истакнува во соопштението од Европската комисија.
Слично
