Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЕУ НЕМА ДА ТОЛЕРИРА НАПАД НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ“: остра реакција од Франција по заканата на Трамп за окупација на Гренланд

„ЕУ НЕМА ДА ТОЛЕРИРА НАПАД НА НЕЈЗИНИТЕ ГРАНИЦИ“: остра реакција од Франција по заканата на Трамп за окупација на Гренланд

Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници, изјави францускиот министер за надворешни работи како одговор на коментарите на избраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз Гренланд.

Трамп одби да отфрли воена или економска акција како дел од неговата отворена желба САД да ја преземат контролата врз Гренланд и Панамскиот канал.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека не верува дека САД ќе го нападнат огромниот арктички остров, кој е дел од Данска повеќе од 600 години.

„Очигледно не доаѓа предвид дека Европската унија ќе им дозволи на другите земји во светот да ги напаѓаат нивните суверени граници, кои и да се тие“, изјави тој за радиото Франс Интер.

„Ние сме силен континент“, додаде тој, пренесе Хина.


Забелешките на Трамп дополнително ја илустрираа неговата експанзионистичка агенда две недели пред неговата инаугурација на 20 јануари во Вашингтон.

„Ако ме прашате дали мислам дека САД ќе извршат инвазија, мојот одговор е „не“. Но, дали влеговме во период на преживување на најсилните? Тогаш мојот одговор е „да“, рече Баро.

Исто така, тој порача дека Унијата не треба да дозволи да биде заплашена или претерано загрижена, туку да се разбуди и да се зајакне.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести