ЕУ најде начин како да ја казни Русија
Европската унија е на чекор од одлука да го замрзне планот околу изградбата на гасоводот „Јужен тек“, вреден 50 милијарди долари, пишува британски „Телеграф“.
Тоа е потег кој би претставувал вистински санкции за Русија и сериозен чекор на ЕУ да го казни Кремљ поради Крим, се вели во разговорот на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо со бугарските политичари, кој излезе во јавноста, наведува британскиот дневник повикувајќи се на пишаните медиуми во Бугарија.
Баросо, како што вели „Телеграф“, ја предупредил Бугарија да не ја попречува Европската унија во нејзините намери соодветно да одговори на политиката на Русија кон Украина.
„Препорачуваме Бугарија да внима како се однесува“ кажал Баросо според извори од бугарскиот печат, мислејќи на официјалните лица на владеачката Социјалистчка партија, која направи обиди за продолжување на изградбата на Јужен тек против волјата на Брисел, вели британски „Телеграф“.
Слично
