ЕУ најавува голем план за елиминирање на даночните раеви
ЕУ ќе открие план за ограничување на т.н.„Даночни засолништа“ за најголемите мултинационални компании во светот - мерка која според властите станува уште повеќе привлечна по скандалот со„Panama Papers„ (панамските документи).
Европската комисија објави дека според новите правила големи компании кои работат во Европа, ќе треба да покажат јавно сè што заработиле во секоја една земја-членка на ЕУ.
Овој отчет држава во држава со години е основен повик на даночните активисти, кои ги обвинуваат големите корпорации во намерно прикривање на профитот со цел пониски или никакви даночни обврски, често користејќи фиктивни компании како оние објавени во „Panama Papers“.
Долготрајните критики на корпоративната даночна политика го објавија скандалот „Lux Leaks“ во 2014 година, кој откри тајни даночни шеми на огромни корпорации како IKEA и Pepsi во малото Војводство Луксембург.
Еврокомесарот за финансиските услуги Џонатан Хил ќе ги објави новите мерки денеска во Европскиот парламент во Стразбур, Франција.
Хил е британски претставник во Комисијата и близок политички сојузник на премиерот Дејвид Камерон, кој е под притисок во Лондон поради семејни врски во офшор фондови.
Пред говорот Хил објави дека планот на ЕК е добро обмислен и амбициозен предлог за поголема транспарентност во даночната политика.
Планот на ЕУ строго ги следи препораките на ОЕЦД, договорени од лидерите на Г-20 во текот на минатата година.
Тој ќе се применува за сите глобални компании со продажба во вредност од 750 милиони евра или повеќе од целиот свет и со активности во ЕУ.
Од Брисел објавија дека во него спаѓаат повеќе од 6000 компании, вклучувајќи 1000 азиски компании.
Извори на ЕУ открија за АФП дека компаниите ќе треба да откриваат информации за вкупната продажба, природата на нивната дејност, профитот пред даноците и всушност платениот данок. Податоците треба да се објавуваат од секоја компанија на нејзината интернет страница.
Даночните активисти не ја криеја својата разочараност од планот, според кои тој во голема мера е ограничен до Европа и ги исклучува приходите од други земји, наречени „даночен рај“.
„Планот не ги опфаќа сите земји и мултинационалните корпорации се уште имаат многу можности да ги скријат профитите“, изјави Тоа Марија Ридинг, специјалист за даночна политика во Европската мрежа за долг и развој.
Според неа, наместо да се ликвидира проблемот, оваа одлука ќе го премести од една земја во друга.
