ЕУ на Русија: Ве замолуваме, не сметајте!
Претседателот на Европската комисија ја замоли Русија да не им смета во зајакнувањето на врската меѓу Молдавија и Грузија со Европа покрај судирот со Украина.
Тие две поранешни советски републики би требало на 27 јуни да потпишат спогодба со Европската унија за придружување во трговијата, а Москва стравува дека овој потег би можел да ги оддалечи од подрачјата со руско влијание.
Претседателот на Европската комисја, Жозе Мануел Баросо одржа говор не споменувајќи ја Украина, но уверувајќи ја Русија дека нема причина да се чувствува загорзена.
Спогодбата за приклучување е позитивна спогодба чија цел е зајакнување на постојните молдависки меѓународни односи, а не натпреварување или вплеткување во молдавските односи со било кој нејзин партнер, а поготово не со Русија, рече на конференцијата за вложувањето. Стабилна, сигурна и богата Молдавија би била од корист и на руските произведувачи и инвеститори, додаде тој.
