Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ може да создаде сопствена армија до 2018 година?

ЕУ може да создаде сопствена армија до 2018 година?

До 2018 година Европската унија може да создаде сопствена армија, тврди извор од Европската комисија  за „Известија".

Во Брисел се дискутира за формирањето на европска армија, кој ќе обезбедува внатрешна и надворешна безбедност на ЕУ, пишува весникот. Според изворот, во оваа фаза се испитуваат заеднички предлози од министрите за одбрана на Франција и Германија, вклучувајќи го и прашањето за создавање на обединета армија. Ако иницијативата биде одобрена, европски воен блок може да се појави уште во 2018 година.

Самото создавање на обединет воен штаб ќе биде важен чекор. Меѓутоа, потребно е да се дефинираат неговите функции и ниво на автономија.

Треба да биде заштитена Шенген зоната во рамките на идниот Европски одбранбен сојуз, велат воени експерти од Франција и Германија во документот подготвен од двајцата министри за одбрана.

Слично

Поврзани вести