ЕУ лута на Фајзер, испораката на вакцини повторно одложена
Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“, поради што испораката на вакцини против вирусот корона повторно се одложува, изјави денеска портпаролот на ЕК.
-Фајзер требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела, пренесува Ројтерс.
Претходно, оваа фармацевтска компанија објави дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против корона вирусот, откако веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.
Слично
