ЕУ: Крај за британските бизниси, ако Островот не прифати мигранти
Велика Британија не треба да го запира правото на движење во земјата на граѓаните од Европската унија. Ако тоа се случи, Франција е подготвена да не им дозволи на британските банки и другите финансиски институции да прават бизнис во Европа.
Студија на Bloomberg покажува дека само три земји членки на ЕУ (Данска, Австрија и Бугарија) го споделуваат срамот на Островот во однос за имиграцијата.
Новиот премиер на Велика Британија Тереза Меј вети тешки преговори со Европа, за да го ограничи приливот на луѓе кои доаѓаат од еврозоната.
Некои од земјите во блокот сакаат Британија да продолжи да учествува во буџетот на ЕУ, како Грција, додека поранешните советски држави бараат гаранции за безбедност против руската агресија.
Во меѓувреме стана јасно дека барањето на Шпанија за заеднички суверенитет над Гибралтар ќе биде одбиено.
„Обединетото Кралство е главна светска економија и има силни позиции за договарање во овие преговори“, истакна извор од британската влада во средата. Според неговите зборови ЕУ е на работ на нова валутна, финансиска и политичка криза, а нејзината бирократија треба да покаже повеќе скромност .
