ЕУ конечно се огласи и го осуди насилството во Шпанија
Европската комисија по повеќе од еден ден собра храброст да излезе со свој став околу неделниот обид на Каталонија да одржи референдум, како и на насилната реакција на националната гарда која се обиде да го спречи гласањето при што над 800 луѓе беа повредени.
„Ги повикуваме сите релевантни страни сега да се префрлат од конфронтации кон дијалог. Насилството никогаш не може да биде инструмент на политиката“, соопштија од Европската комисија.
Пораката до шпанскиот премиер Маријано Рахој е да го менаџира овој тежок процес со целосно почитување на шпанскиот устав и правата на граѓаните.
Се очекува по насилната реакција на националната гарда регионалната влада во Каталонија да прогласе еднострана независност што може дополнително да ги заостри односите со власта во Мадрид.
