Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ќе следи дали Кина и помага на Русија

ЕУ ќе следи дали Кина и помага на Русија

Еврпската Унија ја опомена Кина дека ќе следат дали и помага на Русија. 

Лидерите на ЕУ ја предупредија Кина да не ѝ помага на Русија во нејзината агресија против Украина. Потенцираа дека тоа ќе им наштети на нејзините економски интереси и углед.

„Ниту еден европски граѓанин не би ја сфатил поддршката на Кина за способноста на Русија да води војна“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. 

Таа рече дека трговската размена меѓу Европската Унија и Кина изнесува две милијарди евра на дневна основа, а вредноста на руско-кинеската трговија е само 330 милиони евра.

„Кина го задржува независниот став за украинската криза“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

Што се однесува до Украина, Кина се придржува до независна мирољубива надворешна политика и носи сопствени одлуки врз основа на факти. 

Слично

Поврзани вести