Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ќе преземе уште еден чекор против Русија, а во корист на Украина

ЕУ ќе преземе уште еден чекор против Русија, а во корист на Украина

Веројатно Европската Унија(ЕУ) ќе преземе нов потег против Русија.

ЕУ разгледува дали може на Русија трајно да ѝ го оневозможи пристапот до имотот на централната банка, вреден милијарди евра, и да го искористи за обнова на Украина, јавува Блумберг повикувајќи се на извори запознаени со тоа прашање.

Според Блумберг, извршната власт на ЕУ во Брисел истражува начини како трајно да го прекине пристапот на Москва до имотот кој е блокиран. Се работи за околу 300 милијарди евра имот. Прашањето е отворено во договор со САД, но не е јасно дали и владата на Бајден ќе преземе чекори за да ги заплени руските резерви во долари.

Украинската влада со месеци бара да се префрли замрзнатиот руски имот на нејзините сметки. Трошоците за обнова се проценуваат на 750 милијарди долари. Државите од ЕУ досега замрзнаа околу 17,5 милијарди евра имот кој им припаѓа на санкционирани поединци и компании. Во Украина има огромни штети поради војната. Уништени се мостови, патишта, фабрики, цивилни објекти. 

foto EPA=EFE

Слично

Поврзани вести