Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

Европската унија ќе купува вакцини и антивирусни таблети за борба против мајмунски сипаници, вирус кој е ендемичен во Африка и вообичаено редок на други места, изјави денеска координаторот за вакцини во Шведска, Ричард Бергстром.

- По неколку состаноци, беше одлучено да ги купиме вакцината и антивирусни табети - изјави координаторот.

Како што е најавено, ЕУ ќе купува вакцини „Имванек“ од Баваријан Нордик и антивирусни таблети „Тековиримат“ од Сига Технолоџис.

Бергстром изјави дека ЕУ се уште нема потпишано договор со ниту една компанија.

- Но, ќе го направиме тоа наскоро.Треба да имаме готов договор за една недела, а можеби и ограничени испораки во јуни - рече тој. 

Слично

Поврзани вести