ЕУ ќе ја одобри петтата вакцина против Ковид-19
Европската агенција за лекови на Европската унија ја одобри употребата на петтата вакцина против ковид-19.
Станува збор за вакцината на Новавакс кај луѓе на возраст од 18 години и постари, која е петта по Фајзер, Бионтек, Модерна, Џонсон и Џонсон и Астра Зенека.
ЕМА соопшти дека две големи студии покажаа дека вакцината има ефикасност од околу 90 насто.
„По темелна евалуација, Комитетот за хумани лекови со консензус заклучи дека податоците за вакцината се цврсти и ги исполнуваат критериумите на ЕУ за ефикасност, безбедност и квалитет“, се вели во оценката.
Сега на ред е Европската комисија да ја потврди оваа одлука како следен чекор.
ЕУ меѓутоа веќе нарача 100 милиони дози вакцина Новавакс.
Слично
