ЕУ ќе ја казни Германија за нејзината енергетска политика?
На Германија и се заканува казна од Европската комисија поради прекршување на правилата за конкурентност во водењето на политиката за развој на обновливите енергетски извори, пишува денеска германски „Шпигел“.
Според неделникот, германските потрошувачи плаќаат, преку таксите, за развојот на овие обновливи енергии.
Брисел планира да побара од Германија враќање на доделената помош вредна милиони евра.
Списанието соопштува дека еврокомесарот за енергетика, Германецот Гинтер Јотингер, се посомневал дали германската политика за развој на обновливите енергетски извори одговара на правилата на конкурентност. Тоа се случило минатата недела на настан, организиран во белгиската престолнина од германската енергетска група ЕОН.
Во интервју, што денеска го даде за германската телевизија АРД, канцеларката Ангела Меркел потврди дека, доколку биде реизбрана на парламентарните избори во септември, таа ќе го промени законот за обновливите извори на енергија, пренесоа британските медиуми.
Нормативниот акт е во сила повеќе од една деценија пред доаѓањето на Меркел на власт. Тој беше донесен во времето на нејзиниот претходник, социјалдемократот Герхард Шредер.
Слично
