ЕУ ќе го помага вработувањето на младите со 6 милијарди евра
За време на кризата во Европската унија, многу млади останаа без вработување. ЕУ сега планира со шест милијарди евра да го реши тој проблем. Но, од овој пакет нема да профитираат сите млади без работа, јавува Дојче веле.
Пакетот помош ќе се финансира од Европскиот социјален фонд и среднорочните финансиски фондови, а земјите членки на Унијата сами ќе одлучуваат кои проекти ќе ги поттикнуваат.
Пакетот помош од шест милијарди евра би требало да им помогне на младите во ЕУ брзо да пронајдат работа и тоа таму каде се потребни. Германската министерка за труд Урсула, фон дер Лејен уште летото во Брисел најави дека ЕУ ќе се позанимава со растечката невработеност на младите.
На просторот на ЕУ се присутни апсурди, бидејќи на северот на Европа, работните места и оние за изучување занает остануваат непополнети, а на југ младите не можат да најдат вработување.
Слично
