Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ќе формира сопствена Агенција за безбедност и разузнавање која ќе ја води Кетрин Ештон

ЕУ ќе формира сопствена Агенција за безбедност и разузнавање која ќе ја води Кетрин Ештон
Европската унија планира да формира нова агенција за разузнавање и безбедност, со која ќе раководи високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. За таа цел, како што пишува весникот „Дејли телеграф“, ЕУ планира да набави и да користи шпионски беспилотни летала, сателити за набљудување и авиони. Контроверзниот предлог е чекор кон создавање независно воено тело на ЕУ што ќе има сопствена опрема и ќе води независни операции, наведува британскиот весник. Весникот, повикувајќи се на изјави од високи европски службеници, наведува дека Европската комисија и Кетрин Ештон сакаат да формираат воена команда и систем на комуникација што ЕУ ќе го користи за внатрешна безбедност и во одбранбени цели. Според овој предлог, набавката на беспилотни летала би била извршена до есен. Според високите европски службеници, планот за создавање Агенција за безбедност и разузнавање, претставува итен одговор на скандалот околу американското и британското шпионирање на светските комуникации. Случајот со Едвард Сноуден покажа дека Европа треба да има сопствена независна безбедносна агенција и овој предлог е чекор поблиску кон европска одбранбена интеграција, нагласува за весникот неименуван службеник од ЕУ. „Дејли телеграф“ наведува дека веќе постои судир меѓу Лондон и приврзаниците на планот за создавање центар за европски воени операции во Брисел. Ештон, ЕК и Франција, поддржани од Германија, Италија, Шпанија и Полска се за спроведување на планот, додека Велика Британија е остро против.    
Слично

Поврзани вести