ЕУ ќе има заедничкa „црна листа“ на офшор зони
ЕУ ќе =формира црна листа на офшор зони, кои одбиваат да соработуваат со даночните власти на нејзините земји-членки и ќе ги заплаши со „заштитни мерки“, ако не станат транспарентни.
Одлуката беше донесена од министрите за финансии на ЕУ по разгледување на законски предлози на Комисијата против избегнувањето на даноците. Составувањето на списокот ќе започне во септември.
Советот досега немал единствена црна листа на офшорките кои не сакаат да соработуваат со него.
Некои од земјите имаат свои листи во кои бројот на слични јурисдикции стигнува до 85.
Европската комисија одлучи да иницира создавање на заедничка европска листа по откритијата направени за т.н.. „Панамски документи“. Целта е да се спречи даночното затајување. Токму Панама е една од земјите кои не сакаат да разменуваат информации со европските влади.
Министрите за внатрешни работи на ЕУ одлучија дека промените треба да бидат подготвени најдоцна следната година со критериумите за вметнување на држава. Дотогаш треба да бидат изготвени критериумите според кои една земја ќе се вметне во црната листа.
Советот усвои и директива, која ги обврзува мултинационалните корпорации со годишен обрт над 750 милиони евра да ги достават резултатите од работењето во секоја одделна земја членка. Националните власти, пак, автоматски ќе ја разменат оваа информација.
