ЕУ ЈА СНАБДУВА РУСИЈА СО МУНИЦИЈА ЗА ВОЈНАТА СО УКРАИНА: На Киев му ветија милион гранати, но нема да ги испратат?
Иако од почетокот на инвазијата на Русија и беа воведени широки санкции, вклучително и 11 пакети од ЕУ, Русија продолжи да добива компоненти од западно производство што ги користи во производството на оружје и муниција што се користат за напад на Украина. Во исто време, Киев нема да ги добие ветените милиони артилериски гранати до март 2024 година, како што претходно беше договорено со Брисел.
Русија често користи „трети земји“, како што се Обединетите Арапски Емирати, за набавка на стоки што се санкционирани. Дополнително, технологиите со двојна употреба кои може да имаат и воена и комерцијална употреба честопати директно од ЕУ во Русија поминуваат преку канали кои служат за заобиколување на санкциите.
Од друга страна, според планот одобрен од ЕУ во март годинава, блокот во рок од една година на Украина треба да и обезбеди еден милион гранати. Првиот чекор од програмата вклучува надополнување на залихите од сопствените залихи на земјите-членки, а вториот чекор е заедничка набавка на нова муниција.
Блумберг во октомври објави дека поминало повеќе од половина од даденото време и дека ЕУ испорачала само 30 отсто од планираните испораки и веројатно нема да го исполни своето ветување.
Оваа недела, Европската служба за надворешни работи, наводно, рече дека испораката најверојатно нема да биде завршена до март следната година.
Потребата на Украина од муниција станува се поитна бидејќи Русија го зголемува буџетот за одбрана за 2024 година и наводно успеала да обезбеди над милион гранати од Северна Кореја. Друг проблем за Киев е тоа што политичките конфликти во Вашингтон предизвикуваат намалување на американската воена поддршка за Киев.
