Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ја регулира употребата на дронови – во кои цели?

ЕУ ја регулира употребата на дронови – во кои цели?
Повеќе од илјада компании добиле дозвола за употреба на беспилотни летала - „дронови“ на територијата на Европската унија, што е доволен сигнал за Брисел да започне да ја регулира употребата да на овие летала во земјите-членки на ЕУ. Беспилотните летала влегоа во светска употреба откако американската војска започна да ги користи за разузнавачки операции, но и за убивање на најбараните терористи во Јемен и Пакистан. Во Европа, сепак, „дроновите“ се користат пред сè во цивилни цели - за инспекција на железничките пруги, надзор над шумските пожари или во земјоделството, за одредување на вистинското време за прскање на посевите. „Цивилните беспилотни летала се произведуваат во најразлични форми и големини. Во иднина би можеле да се доставуваат дури и за достава на книги и други пратки. Сепак, многумина се загрижени за прашањето за безбедноста и приватноста“, вели Сим Калас, потпретседател на Европската комисија надлежен за сообраќај. Тој смета дека се потребни прописи на европско, а не на национално ниво за регулирање на оваа област, бидејќи ваквите летала со далечинско управување ќе ги поминуваат границите од една во друга ЕУ-земја, без да може некој да ги контролира. Некои од правилата кои ги предлага Европската комисија вклучуваат беспилотните летала да мора да задоволуваат исто ниво на безбедност како и авионите со екипаж, како и дека видот на податоците што ќе ги прибираат тие летала да е во согласност со прописите за заштита на податоци. Неодамна и Обединетите Арапски Емирати најавија дека имаат намера да употребат беспилотни летала за да им доставуваат официјални документи и пратки на граѓаните. Добар ден, имате летечка пошта од Владата!
Слично

Поврзани вести