Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ја продолжува граничната контрола во Шенген зоната за уште 3 месеци

ЕУ ја продолжува граничната контрола во Шенген зоната за уште 3 месеци

На Германија, Австрија, Данска, Шведска и Норвешка треба да им биде дозволено да продолжат со граничната контрола во безвизниот простор на Шенген уште 90 дена, соопшти Европската комисија, наведувајќи ја како причина миграцијата и опасностите за безбедноста.

Овие земји повикаа на продолжување на граничната контрола по крајниот датум на 12 ноември, но неколку централно и источноевропски држави ја критикуваа оваа мерка, бидејќи, според нив, миграциониот притисок е намален. 

Европската комисија истакна дека укинувањето на граничната контрола ќе охрабри уште луѓе да се насочат кон Европа. Заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс посочи дека сите работат за побрзо враќање кон нормално функционирање на Шенген, но сеуште е рано тоа да се случи.

Продолжувањето на рокот треба да биде одобрен од земјите членки, за да стапи на сила.

Слично

Поврзани вести