Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ја пренасочи помошта за Кипар за поттикнување на економскиот раст

ЕУ ја пренасочи помошта за Кипар за поттикнување на економскиот раст

Европската комисија денеска соопшти дека средствата наменети за Кипар, во висина од 21 милион евра, ќе ги пренасочи на проекти кои треба да го поттикнат растот во медитеранската земја.

- Со оваа одлука средствата ќе бидат пренасочени на области кои вероватно ќе имаат поголем  влијание на раст и отворање на нови работни места во краток рок. Со тоа ќе им се пружи поддршка на малите и средни фирми и ќе помогне во вработување на младите. Додека 10 милиони евра ќе бидат пренасочени на проекти за заживување на урбаните и руралните области, се наведува во соопштението на ЕК.

Одлуката за пренасочување на средствата е последица од влошувањето на кипарската економија во последните неколку месеци.

Слично

Поврзани вести