ЕУ ја предупредува Русија: Веднаш прекинете секакво непријателство на границата со Украина!
Министрите за надворешни работи на ЕУ на итен состанок побараа од Русија да ја прекине секоја форма на непријателска акција на границата со Украина.
На состанокот одржан во Брисел и посветен на случувањата во Украина и Ирак, министрите побараа од Москва веднаш да ги повлече своите сили од украинската граница.
„Секоја еднострана воена акција на Руската федерација во Украина со каков било изговор, па и хуманитарен, ЕУ ќе ја смета за очигледно кршење на меѓународното право“, се додава во заклучоците.
Руското министерство за надворешни работи, пак, го осуди обидот на Украина да го спречи доставувањето на руска хуманитарна помош за населението во источните украински области и предупреди на „потенцијалните последици од вакви активности“. Москва обвинува дек засилувањето на украинските воени операции во овој дел на земјата е токму со цел да му се пресече патот на рускиот конвој.
Слично
