Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ја одложи одлуката за нови санкции кон Русија

ЕУ ја одложи одлуката за нови санкции кон Русија
Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија не донесоа одлука за нов пакет на санкции за Русија заради нејзиното учество во украинската криза. Како што соопштија европските дипломати, нов состанок на оваа тема е закажан за в четврток. Овојпат, Германија била таа која заговарала нови санкции, но неколку други земји имале резерви со оглед на тоа што примирјето во Украина се почитува. „Некои земји побараа повеќе време. Единството за ова прашање е апсолутно клучно и стратешки важно“, соопшти италијанската министерка за надворешни работи Федерика Могерини, која неодамна беше избрана за висока европска претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика. Дипломатски извори тврдат дека земјите кои одржуваат блиски релации со Москва, како Италија, Австрија и Финска не сакале да го поддржат новиот пакет санкции за Русија.  
Слично

Поврзани вести