Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ја одлага примената на Спогодбата за слободна трговија со Украина

ЕУ ја одлага примената на Спогодбата за слободна трговија со Украина
Европската унија денеска соопшти дека ја одлага примената на Спогодбата за слободна трговија со Украина за 15 месеци, односно до крајот на 2015 година. Според Брисел, ова е дел од напорите за да се поддржи мировниот процес. Еврокомесарот за трговија Карел де Гухт, по разговорите со руски и украински претставници, вели дека Брисел и покрај одлагањето на спогодбата, ќе применува привремени преференцијални тарифи за украинската стока. Тоа се прави во рамките на напорите за целосна стапбилизација на Украина, изјави Гухт. Според руските медиуми, Русија, Украина и ЕУ денеска постигнале клучен компромис за спогодбата за слободна трговија со Украина, така што нејзиното спроведување ќе се одложи до крајот на 2015 година. „До тој договорен датум, крајот на 2015 година, Руската Федерација се обврза дека нема да применува заштитни мерки“, изјавија руските претставници.
Слично

Поврзани вести