ЕУ изгласа санкции за Унгарија
Европратениците денеска изгласаа одлука дека треба да се превземе акција против владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан за наводно поткопување на демократските вредности на ЕУ и владеењето на правото.
Пратениците, со огромно мнозинство, 448 наспроти 197, го изгласаа извештајот со кој се препорачува активирање на постапката според таканаречениот член 7 од Договорот за функционирање на ЕУ, според кој Унгарија би можела да се казни со исклучување на правото на глас.
Европскиот парламент ја осуди систематската закана по вредностите на Унијата во Унгарија и побара од ЕУ да одговори со започнување на процедурата, што е најрадикална мерка за земја која не ги почитува европските правила.
Ова е првпат Европскиот парламент да го искористи своето право да прогласат сомнеж за владеењето на правото во земја-членка.
