ЕУ ИМ ПОРАЧА НА ГРАЃАНИТЕ ДА ГО НАМАЛАТ ГРЕЕЊЕТО: Не можеме да се потпреме на добавувач кој отворено ни се заканува
Високиот претставник за надворешна политика на Европската
унија (ЕУ) Жозеп Борел побара од граѓаните да го намалат греењето во своите
домови, како еден од начините на Унијата да ја намали зависноста од рускиот гас
во услови на актуелниот конфликт
во Украина.
„Предизвиците со кои се соочуваме ќе бараат многу строг став и мораме да бидеме подготвени да ја платиме цената“, рече Борел, сугерирајќи: „Европските граѓани ќе го намалуваат греењето во нивните домови“, како дел од нивните „индивидуални напори за намалување на потрошувачка на гас“.
Изјавата на функционерот на ЕУ доаѓа откако блокот ја претстави новата рунда санкции против Русија и Белорусија. Новите ограничувања исклучија голем број белоруски банки од мрежата SWIFT, го погодија рускиот поморски сектор и воведоа рестрикции за 160 руски пратеници и бизнисмени.
ЕУ моментално увезува 45% јаглен, 40% гас и 27% нафта од Русија, при што Борел изјави дека блокот презема чекори за да ја прекине „папочната врвца што ја обединува европската со руската економија“. Блокот, како што најави Борел, ќе започне со намалување на побарувачката на ЕУ за две третини пред крајот на годината како одговор на воената активност на Русија.
„Едноставно не можеме да се потпреме на добавувач кој експлицитно ни се заканува. Треба да дејствуваме сега за да го ублажиме влијанието на зголемените цени на енергијата, да го диверзифицираме снабдувањето со гас за следната зима и да ја забрзаме транзицијата на чиста енергија“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при објавувањето на планот, пренесува RT.com.
ФОТО: EPA/CLEMENS BILAN