Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ и САД ги заострија санкциите кон Русија, Москва ги оцени како „примитивен потег“

ЕУ и САД ги заострија санкциите кон Русија, Москва ги оцени како „примитивен потег“
Лидерите на земјите-членки на Европската унија се согласија да ги заострат санкциите кон Москва заради кризата со Украина. Мерките вклучуваат и казни за руските компании кои се поврзани со активностите да се дестабилизира Киев. Цел на овие зајакнати мерки се „поединци и фирми кои активно даваат финансиска помош или материјал за Русите кои донесуваат одлуки исе одговорни за анексијата на Крим и за дестабилизацијата на источна Украина“, се наведува во соопштението. Земјите-членки на ЕУ се договориле да се суспендираат сите нови инвестиции во Русија од страна на Европската развојна банка и Европската банка за обнова и развој. Санкциите на ЕУ против Русија се воведуваат само неколку часа откако и САД соопштија дека ги зајакнуваат своите мерки и го прошируваат списокот на санкционирани функционери, водечки руски компании и банки. Министерството за финансии на САД соопшти дека санкциите се значително проширени, опфаќајќи мерки насочени кон руската наменска индустрија, енергетските компании и финансиските институции. Така, на „црната листа“ се најдоа корпорацијата „Алмаз-Антеј“, концернот „Калашњиков“, „Ижмаш“, „Базалт“, „Новатек“, „Росњефт“, „Уралвагонзавод“ и повеќе други компаии. Официјална Москва ги нарече новите санкции „примитивен потег“, кој сериозно и трајно може да ги наруши односите меѓу Русија и западните земји. Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека таквите санкции вообичаено имаат „бумеранг“ ефект и оти ќе ја доведат Русија во „безизлезна ситуација да возврати“. Според руското Министерство за надворешни работи, „санкциите само ќе го поттикнат крвопролевањето на истокот на Украина и претставуваат примитивен обид за одмазда затоа што работите во Украина не се одвиваат онака како што сакаат САД“.
Слично

Поврзани вести