ЕУ и Русија на прагот на трговска кавга?
Европската Унија ја разгледува можноста да се обрати на Светската трговска организација со низа жалби за Русија, бидејќи е разочарана од односот на Москва кон оваа организација, изјавил во интервју за „Волстрит журнал“, европскиот комесар за трговија Карел Де Гухт.
Според него, Русија не ги исполнува своите обврски кон оваа организација.
„Ние сериозно ја разгледуваме можноста да се обратиме до СТО во врска со низа прашања“, рекол Гухт, одбивајќи да коментира на што конкретно ЕУ ќе се жали.
Брисел во Светската трговска организација веќе се жали на начинот на кој Русија го наплатува данокот за користење на автомобилите. ЕУ, најголемиот трговски партнер на Русија, и понатаму има забелешки на оваа давачка, иако од 1 јануари стапија на сила амандманите на руските закони, со кои се изедначуваат условите за плаќање на автомобилите од руско и странско производство.
Слично
