ЕУ го зголемува буџетот за промоции на земјоделски производи
Европски унија значително ја зголемува помошта, наменета за промоции на земјоделските и прехранбените производи, соопшти Европската комисија. Оваа помош постепено ќе се зголеми од 61 милиони евра во буџетот за 2013 година на 200 милиони евра во 2020 година. Ова го предвидува проектот за реформа на политиката за промовирање на европските земјоделски и прехранбени производи.
Новата политика на долг рок има амбиција да стане вистински инструмент за освојување на пазари. Под наслов "Уживајте, ова е од Европа" целта е да се помогне на производителите да влезат на светскиот пазар. Со промоциите ќе се информираат потрошувачите за квалитетот на европските производи.
"Потрошувачите се повеќе се загрижени за безбедноста, квалитетот и методите на производство на храна.
Силен адут држат во рацете европските фармери. Европската земјоделска и прехранбена индустрија ужива углед поради квалитетот на своите производи и почитувањето на единствени од ваков вид норми во светот. Со извоз за над 110 милијарди евра овој сектор има потенцијал да го поттикне растот и вработувањето ", изјави Дачијан Чиолос, европскиот комесар за земјоделството. Предлогот ќе биде поднесен за дискусија во Европскиот парламент и во Советот.
Основните елементи на предложената реформа се:
Значително зголемување на помошта за информативни и промотивни активности;
Воведување на европска стратегија за промоција.
Европското кофинансирање за програмите насочени кон трети земји, како и за мултинационалните програми (на неколку земји членки) се зголемува од 50 на 60%.
Опсегот на производи за кои се доделува помош ќе биде проширен, на пример ова ќе биде можно и за тестенини.
Во принцип производите кои можат да бидат предмет на промоции , се свежите и преработени овошје и зеленчук , лен , украсни растенија , маслиново масло и маслинки , растителни масла , млеко и млечни производи , месо и месни производи , преработени производи од житарици и ориз , мед и пчелни производи , производи со заштитени ознаки на потекло , заштитени географски ознаки или храна со традиционално специфичен карактер, квалитетни вина произведени во одреден регион , трпезни вина со географска ознака , како и органски произведени производи.
К. К.
Слично
