Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ го разгледува прашањето за својата војска на самитот во јуни

ЕУ го разгледува прашањето за својата војска на самитот во јуни

Европската унија може да ја разгледа можноста за создавање на армија на ЕУ во рамките на самитот во јуни. Ова го изјави портпаролот на Европската комисија Мина Андреев, пренесоа агенциите.

Потсетуваме вчера шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ги повика за создавање на паневропска армија која може да издржи против Русија.

„Претседателот Јункер заедно со високиот претставник Могерини се подготват за состанокот на Европскиот совет во јуни со предлог за зајакнување на европските политики во областа на одбраната. Ова ќе биде добра можност за дискутирање на понатамошниот развој на оваа идеја“, изјавила Андреев.

Лидерите на ЕУ рекле дека сакаат да ги зајакнат политиките за заедничка безбедност преку подобрување на силите за брза реакција. Но Велика Британија и Франција се плашат дека може да бидат поткопани од НАТО, ако се даде поголема воена улога на Унијата. Германскиот министер за одбрана го поздравил предлогот на Јункер.

Според друг претставник на ЕУ создавањето на таква армија може да и помогне на Унијата да заштеди до 120 милијарди евра годишно.

Слично

Поврзани вести