ЕУ го откажа барањето на Велика Британија за „паралелни“ преговори
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ги претстави плановите за преговори со Велика Британија, отфрлајќи го барањето на премиерот Тереза Меј за спроведување на паралелни преговори за излегување од заедницата и идните односи со Брисел. Ова станува јасно од нацртот на насоките на Унијата, кои исто така побараа „фазен пристап“, приоритет на кој е методичен разводот. Во текстот се наведува дека европските лидери треба да одлучат „кога е постигнат потребниот напредок, кој ќе овозможи преговорите да продолжат на следно ниво“.
Во нацртот исто така е предвиден преоден договор со Лондон во 2019 година. Според текстот не може да се потпише договор за идната врска помеѓу ЕУ и Велика Британија пред излегувањето на земјата од заедницата во 2019 година, но преговорите за создавање на рамка за новите односи можат да започнат штом еднаш биде договорен договорот за разделба.
„Преговорите може исто така да се обидат да создадат преоден договор што е во интерес на Унијата и да обезбедува мостови кон предвидлива рамка за идните односи“, се вели во текстот. Тоа сепак ќе биде за ограничен временски период и во рамките на европското законодавство.
Во нацртот се вели уште дека Брисел ќе стори сé за да постигне конструктивен договор за Брегзит, но се подготвува и за можен неуспех на преговорите. ЕУ „ќе работи напорно за да се постигне овој резултат, но ќе се подготви за да може да се справи со ситуацијата и ако преговорите пропаднат“, се вели во текстот.
Сега претстои нацртот да биде испратен до лидерите на 27-те земји од Унијата, кои ќе се запознаат со него.
