Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ го осуди трансферот на оружје од Северна Кореја во Русија

ЕУ го осуди трансферот на оружје од Северна Кореја во Русија

Европската Унија упати осуда по извештаите за воена соработка и трансфери на оружје меѓу Северна Кореја и Русија за „неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна против Украина“, соопшти Европската служба за надворешни работи.

- Европската Унија силно го осудува секој таков трансфер на оружје. ЕУ ги повикува Северна Кореја и Русија да се воздржат од каква било размена на воена опрема или муниција и да се придржуваат до резолуциите на Советот за безбедност на ОН, вклучително и 1718, 1874 и 2270, кои јасно забрануваат каков било извоз или увоз на оружје поврзан со Демократска Народна Република Кореја, се наведува во реакцијата од Брисел.

Според ЕУ, продлабочувањето на врските со Пјонгјанг се показател дека Москва е „под  зголемена изолација и очај“ и дека рестриктивните мерки на Брисел се ефективни.

Слично

Поврзани вести