Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ го истражува Amazon за даночни измами

ЕУ го истражува Amazon за даночни измами
Регулаторите во Европската унија започнаа официјална истрага на Amazon.com за даночни измами во Луксембург. Тоа е уште една голема компанија која е под истрага,откако меѓу најголемите имиња се рангираат Apple и Starbucks. Европската комисија тврди дека е загрижена од даночната зделка, гарантирана од властите во Луксембург на Amazon во 2003 година. Според неа е воведен таванот на даночните обврски кои компанијата ги има и на тој начин таа се фаворизира значително, заштедувајќи даноци во износ од стотици милиони. Комисијата може да пресуди Луксембург да ги бара од Amazon сите даноци кои се сметаат за неисплатени до моментов. Во знак на тоа дека даночните проверки можат да стигнат многу подалеку, ЕК рече дека во август Луксембург има обезбедено "информации за голем број случаи", вклучени во истата истрага, во која спаѓа и Amazon. Ова ќе обезбеди "економска предност на Amazon и ќе и даде можност да плаќа помалку даноци од другите компании", посочува регулаторот. Правилата на ЕУ за државна помош забрануваат владите да обезбедат предности на одделни компании, за да може конкуренцијата да е целосно искрена. Новата истрага доаѓа по три слични, меѓу кои и оние на Apple во Ирска, на Finance and Trade во Луксембург и една на Starbucks во Холандија. Европските власти се стремат да ги ограничат можностите за избегнување на плаќање на даноци од мултинационалните компании во момент на зародиш на финансиска криза во регионот која принуди голем број граѓани и влади во ЕУ да го стегнат ременот. К.К.
Слично

Поврзани вести