ЕУ ги прошири санкциите кон Русија
Европската унија ќе ја прошири листата на лица и субјекти кои ќе бидат под санкции поради кризата во Украина. Членките на ЕУ денеска се согласија санкциите да опфатат дополнителни 19 луѓе, меѓу кои руски државјани, како и девет субјекти.
Според европските дипломати високи руски официјални лица не се вклучени во проширената листа, додека ниту еден од личностите и субјектите кои се вклучени не биле многу познати.
Министрите за надворешни работи на ЕУ треба да се сретнат на 9 февруари и да се изјаснат дали ја поддржуваат проширената листа на санкции.
На 29 јануари министрите се договорија да се прошири листата на санкции и тие да продолжат до септември годинава.
Рокот на почетната листа на санкции требаше да истече во март годинава.
Слично
