Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ги продолжува санкциите против Русија за 6 месеци?

ЕУ ги продолжува санкциите против Русија за 6 месеци?

Во следните недели Европската унија најверојатно ќе ги продолжи економските санкции против Русија во врска со кризата во Украина за шест месеци до јануари 2016 година.

Оваа информација ја објави авторитетното американско издание „The Wall Street Journal“, кое се повикува на високи дипломатски извори.

Унијата ќе се обиде да ја притисне Москва за да ги исполни целосно условите од Минскиот договор.

Планот сѐ уште не е конечен, наведуваат изворите, но „во Брисел се забележува растечко уверување дека заедницата е единствена во однос на пристапот, кој не вклучува ублажување на притисокот врз Русија“, додека Москва не ги исполни целосно своите обврски во врска со договорот од Минск .

Русија постојано изјавува дека ги смета западните санкции за контрапродуктивни.

Европската унија ќе донесе одлука на самитот на 25-26 јуни, бидејќи во средината на летото истекува застарувањето на санкциите.

Слично

Поврзани вести