Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија-Русија вели-Ништо ново!

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија-Русија вели-Ништо ново!

ЕУ ги продолжи за 6 месеци економските санкции против Русија поради конфликтот во Украина, соопшти Ројтерс, цитирајќи дипломатски извори.

Одлуката ќе биде објавена официјално во вторникот, освен ако некоја земја членка не ја промени својата позиција.

„Немаме намера да се вознемируваме поради санкциите“, рече рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека Русија е отворена и подготвена за работа со европските земји во сферите на економијата.

Продолжувањето на санкциите на Европската унија против Русија беше очекувано и нема да влијае на руската економија, изјави пак рускиот министер за економски развој Алексеј Улукаев, цитиран од агенциите.

„Тоа беше очекувано решение, не слушнавме ништо ново. Тоа во никој случај нема да влијае на економијата на Русија“, рече Улукаевво Најроби.

Тој рече исто така дека одлуката на Русија да го прекине договорот за слободна трговија со Украина од 1 јануари не противречи на нормите на Светската трговска организација.

Одлуката е донесена на планирана средба на постојаните претставници на земјите членки. Одлуката на постојаните претставници, сепак е само дел од постапката и официјалното решение треба да биде донесено од Советот на ЕУ на министерско ниво, додаваат изворите.

Слично

Поврзани вести