Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ги продолжи преговорите со Турција

ЕУ ги продолжи преговорите со Турција

Европската унија вчера ги продолжи разговорите за пристапување со Турција.

Пред средбата европските и турските политичари со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите од нападот извршен во вторникот на аеродромот „Ататурк" во Истанбул. Продолжувањето на преговорите за пристапување на Турција во ЕУ, како и за укинување на визите за турските граѓани, е дел од договорот за надминување на бегалската криза меѓу Брисел и Анкара, склучен на 18 март.

Турската делегација ја сочинуваа министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, министерот за европски прашања и главен преговарач, Омер Челик, министерот за финансии, Најчи Агбал и други политичари.

Тие се сретнаа со комесарот задолжен за европска политика на добрососедство и проширување, Јоханес Хаан и холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс.

Слично

Поврзани вести