ЕУ ги повикува Украина и Русија на состанок за испораката на гас
Европската комисија ги повикала министрите за енергетика на Русија и Украина во понеделникот на 2 март да се состанат во Брисел, како би го разрешиле спорот околу испораката на гас за Украина, кој се заканува дека ќе го загрози снабдевањето на Европа со руски гас.
Портпаролката на комисијата Ана Каис Итконен рекла денеска на конфернецијата за новинари во Брисел дека потпретседателот на Комисијата задолжен за енергеткси прашање Марош Шефовиќ им упатила писма на министрите, во кои го повикал на трилатерален состанок.
Таа прецизирала дека сега се очекува официјална потврда од двете страни дали го прифаќаат повикот.
Рускиот Гаспром денеска предупреди дека Русија до крајот на неделата може да ја прекине испораката на гас за Украина, ако Киев не ја плати новата рата.
Портпаролот на Гаспром Сергеј Купријанов рекол дека во тек се разговори со украинската компанија Нафтогас. Тој не наведува кој износ го бара Москва.
Москва и Киев после спорот околу цената и долгот за гас кој предизивикал страв во остатокот на Европа дали тој енергент ќе пристига од Русија, во октомври потпишале спогодба според која Укрина мора однапред да ги плаќа испораките.
