Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ е во критична состојба - призна Меркел

ЕУ е во критична состојба - призна Меркел

ЕУ е во критична ситуација, призна германската канцеларка,  Ангела Меркел при пристигнувањето на самитот на ЕУ во Братислава. 

На самитот мора да се претстават контурите за политиката на една идна Европа по Брегзита. 

„Во критична ситуација сме. Треба да покажеме со своите постапки дека можеме да се справиме подобро“ - рече Меркел за области како што се безбедноста, борбата против тероризмот, соработката во однос на одбрана, економскиот раст и вработувањето.

Како што претходно најави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, тема на разговор во Братислава нема да биде само Брегзит, туку и преземањето на политичката контрола над заедничката иднина.

Формалните преговори за Брегзит ќе започнат со почетокот на следната година, а најзначајното прашање уште сега е познато – спорот меѓу британската желба за повластен пристап на единствениот европски пазар и инсистирањето на ЕУ дека таков пристап подразбира слободно движење на работниците во Британија.

Слично

Поврзани вести