Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ ДО ТУРЦИЈА: Прво исполнете ги условите, па ќе добиете визна либерализација

ЕУ ДО ТУРЦИЈА: Прво исполнете ги условите, па ќе добиете визна либерализација

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер изјавил во понеделникот дека на Турција и останува да ги исполни условите неопходни за визна либерализација.

„Турција има уште работа. Ќе мора да почекаме и да видме дали тие ќе го направат тоа под овие околности“, рекол Штајнмајер за новинарите.

Претходно германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел порачал дека Турција не би требало да ја уценува Германија и ЕУ со барање за визна либерализација на турските граѓани.

„Од Турција зависи дали ќе има визна либерализација или не“, рекол Габриел, наведувајќи дека Германија и Европа ни во какви околности не треба да бидат уценувани.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го предупредил вчера Брисел дека Турција нема да го признава договорот со ЕУ за решавање на мигрантската криза, ако турските граѓани до октомври не добијат визна либерализација.

Слично

Поврзани вести