Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ денеска ќе ја сослушува Унгарија

ЕУ денеска ќе ја сослушува Унгарија

Унгарската министерка за надворешни работи Јудит Варга во име на Владата на Унгарија попладнево ќе биде сослушана од страна на шефовите на дипломатиите на другите земји-членки на ЕУ со цел да се утврди каква е ситуацијата со евентуалното нарушување на владеењето на правото во таа земја.

Ваквата опција која дозволува сослушување на една земја-членка на ЕУ за тоа дали се придружува до начелата на владеењето на правото беше активирана пред една година, но дури сега успеа на дневен ред да биде ставено од претседателството на Финска.

Предвидено е сесијата да трае околу три часа, Варга ќе треба да одговара на прашања поврзани со контроверзните судски реформи во Унгарија, а дебатата на министрите ќе биде јавна.

Освен упадот во независноста на судот во Унгарија, теми на расправа же бидат и односот кон бегалците и мигрантите, но и конфликтот со Централноевропскиот Универзитет кој беше приморан да се повлече од Будимпешта. 



Слично

Поврзани вести