Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕУ да отпише дел од долговите на Грција за ММФ да и помогне

ЕУ да отпише дел од долговите на Грција за ММФ да и помогне
Грција нема да добие дополнителни кредити доколку земјите членки на Европската унија не отпишат значителен дел од грчкиот долг, пишува денеска весникот „Волстрит журнал Јуроп“повикувајки се на информации од ММФ. - ММФ го подготвува теренот за нов круг преговори, со оглед на тоа дека грчкиот проблем повторно е ставен на дневен ред, нагласува весникот. Сеуште нема согласнот од страна на кредиторите  околу отпуштањето на следната транша од втората програма за спас на Грција. Се очекувна  20 ноември на средба на министрите за финансии од еврозоната и претставници на ММФ да се постигне договор.Грција траншата од 31,5 милијарди евра требаше да ја добие во септември или октомври, но Атина неочекувано побара две дополнителни години за исполнување на задолженијата, содржани во втората програма за помош. Министрите за финансии од еврозоната претходно се договорија да го продолжат рокот за дејствување на програмата до 2016 година, но се појави уште една пречка – Грција ќе има потреба од дополнителни 30 милијарди до 35 милијарди евра за да го финансира буџетот да дополнителните две години. Засега никој не сака да ја разгледува таа можност, а извори од ММФ велат дека Фондот бара нови алтернативи, според кои главната помош за Атина повторно ќе дојде од државите од еврозоната преку масовно отпишување на долговите.
Слично

Поврзани вести